Норвешките власти денеска интензивно трагаат по сторителите на експлозијата што се случи пред амбасадата на САД во главниот град Осло, јави ДПА.
– Станува збор за неприфатлив инцидент кој го сфаќаме многу сериозно – изјави министерката за правда Астри Ас-Хансен.
Според првичните наоди на истрагата, експлозијата одекнала кај еден од влезовите на амбасадата, и притоа нема повредени лица.
Од полицијата соопштија дека на местото на настанот интервенирале бројни екипи на итните служби.
На прес-конференцијата одржана попладнево, официјалните лица потврдија дека сè уште нема осомничени, но дека властите работат со сите расположиви капацитети на расветлување на случајот.