Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави поради евентуални украински саботажи и судирот на Блискиот Исток засилено е полициското и военото присуство на јавните места.
Тој во видеото објавено на платформата Икс наведе дека војници се распоредени на 75 локации ширум земјата.
– Секој енергетски објект што користи руски енергенс може да стане мета на украинските саботажи … гасоводот Северен поток во воздух го дигнаа Украинците затоа одлучивме дополнително да ги заштитиме унгарските енергетски објекти, посочи Орбан.
Според него поради судирот на Блиски Исток зголемена е терористичката закана во Европа и поради тоа е засилено полициското присуство на јавни места.
Тој им нареди на безбедносните служби посебно да ги следат лицата поврзани со екстремистичките исламски групи и дополнително да ја заштитат критичната енергетска инфраструктура.
Орбан истакна дека унгарската влада ќе формира посебна истражна комисија, која ќе ја провери состојбата на нафтоводот „Дружба“ и оти ќе побара Киев да им дозволи на унгарските инспектори да влезат во Украина за да ја проверат ситуацијата на терен.
– Унгарија нема да дозволи да биде уценувана. Ќе се спротивставиме на украинската уцена … Унгарија до решавање на спорот ќе ги блокира сите одлуки на Европската Унија што се важни за Украина. (МИА)