Свет

Oнлајн настава на Филипини поради исклучително високите температури

Oнлајн настава на Филипини поради исклучително високите температури

Властите на Филипини денеска објавија прекин на физичко присуство на настава во сите државни училишта на два дена, по редкордно високите температури за овој дел од годината во главниот град Манила. Голем број училишта на Филипините немаат климатизација.

Бран исклучително топло време го погоди регионот во текот на изминатата недела со темтератури над 45 степени Целзиусови, па поради тоа властите беа принудени илјадници училишта да им соопштат на учениците да останат дома.

„Со оглед на најновата прогноза за температурите… и најавата за национален штрајк во транспортот, сите државни училишта низ целата земја ќе спроведат асинхрони часови/учење на далечина на 29 и 30 април 2024 година“, соопштија властите на Фејсбук.

Одделот за образование надгледува повеќе од 47.000 училишта низ целата земја на архипелагот.

Во Тајланд, каде што најмалку 30 луѓе починаа од топлотен удар досега оваа година, метеоролошкиот оддел предупреди на „тешки услови“ откако температурите во една северна провинција во саботата надминаа 44,1 Целзиусови степени.

И во Камбоџа, Мјанмар, Виетнам, Индија и Бангладеш, синоптичарите предупредија дека температурите би можеле да надминат 40 Целзиусови во наредните денови.

Глобалните температури достигнаа рекордно ниво лани, а ОН во вторникот соопштија дека Азија се загрева со особено брзо темпо.

To top