Свет „Светска централна кујна“

ОН го прекинуваат ноќното испорачување помош во Газа по смртта на хуманитарците од WCK

-Бидејќи гладот ​​се шири, потребен ни е хуманитарен персонал и залихи за да можеме слободно и безбедно да се движиме во Појасот Газа, додаде Дужарик

ОН го прекинуваат ноќното испорачување помош во Газа по смртта на хуманитарците од WCK

Обединетите нации го прекинаа ноќното движење низ Газа на најмалку 48 часа за да ги проценат безбедносните прашања по убиството на вработените во добротворната организација „Светска централна кујна“ (World Central Kitchen), изјави синоќа портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

Светската програма за храна (WFP) продолжува со дневните операции, вклучувајќи и испраќање дневни конвои во северниот дел на Газа, „каде луѓето умираат“, рече портпаролот на ОН.

-Бидејќи гладот ​​се шири, потребен ни е хуманитарен персонал и залихи за да можеме слободно и безбедно да се движиме во Појасот Газа, додаде Дужарик, прецизирајќи дека прекинот на ноќните испораки на помошта стапи на сила во вторникот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека Израел, во воздушниот напад врз Газа во понеделникот, по грешка убил седум лица кои работеле за Светската централна кујна, што предизвика осуда и повици за објаснување од САД и другите сојузници.

ОН долго време се жалат на пречките во испораката на помошта и нејзината дистрибуција низ Газа и постојано повикуваат на итен хуманитарен прекин на огнот во шестмесечната војна меѓу Израел и Хамас.

To top