Свет

Нов Зеланд ја затвори Амбасадата во Иран

Нов Зеланд денеска дека привремено ја затвора Амбасадата во Техеран и го евакуира персоналот поради влошената безбедносна ситуација во Иран

Нов Зеланд ја затвори Амбасадата во Иран

Нов Зеланд денеска дека привремено ја затвора Амбасадата во Техеран и го евакуира персоналот поради влошената безбедносна ситуација во Иран.

Дипломатскиот персонал заминал од Иран во текот на ноќта, а дејноста на Амбасада во Техеран е префрлена во главниот град на Турција, Анкара.

– Продолжуваме да не препорачуваме патувања во Иран. Државјаните на Нов Зеланд, кои се наоѓаат во земјата веднаш да заминат, истакна портпаролот на новозеландското Министерство за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи на Нов Зеланд, Винстон Питерс вчера изјави дека Велингтон е „потресен“ од жестоката реакција на Техеран врз антивладините демонстранти.

– Ги осудуваме бруталните репресии на иранските сили за безбедност, вклучително и убиствата на демонстрантите, истакна Питерс.

Изминатите денови повеќе држави го повлекоа дипломатскиот персонал од Техеран, ги затворија амбасадите и им препорачаа на граѓаните да не патуваат во Иран.

To top