Свет преговори

Нов круг нуклеарни преговори меѓу Иран и европската тројка в петок во Истанбул

Нов круг преговори за иранската нуклеарна програма ќе се одржи в петок во Истанбул помеѓу Иран и т.н. европска тројка – Германија, Франција и Обединетото Кралство, соопшти иранското Министерство за надворешни работи.

– Како одговор на барањето на европските држави, Иран прифати да учествува во нови преговори, изјави портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаи.

Западните земји и Израел долго време го обвинуваат Иран дека има намера да развие нуклеарно оружје – нешто што Техеран постојано го негира, тврдејќи дека нуклеарната програма има исклучиво мирољубиви цели.

На 13 јуни Израел изврши неочекуван напад врз Иран, во кој беа убиени високи воени лица и научници поврзани со нуклеарниот сектор. САД, поддржувајќи го сојузникот Израел, на 21 кон 22 јуни изведоа воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Преговорите беа прекинати по тие напади, кои беа наредени од американскиот претседател Доналд Трамп. Последната средба меѓу Иран и европската тројка се одржа на 21 јуни во Женева, неколку часа пред американските бомбардирања.

To top