Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела.
Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“.
– Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави норвешкиот министер за здравство Јан Кристијан Вестре.
Тој посочи дека правото на жените да одлучуваат за абортус е еден од основните принципи во земјата.