Свет

„Њујорк тајмс“: Путин преку посредници предлага да се започнат преговори за прекин на огнот во Украина

Според извори блиски на Кремљ и од американски и меѓународни службеници весникот дознава дека Путин уште од септември сигнализирал спремност за примирје, што би ги сопрело воените дејствија на тековните позиции.

„Њујорк тајмс“: Путин преку посредници предлага да се започнат преговори за прекин на огнот во Украина

И покрај воинствената реторика и изјавите дека има намера да продолжи со војната, рускиот претседател Владимир Путин по дипломатски канали изразувал спремност за сопирање на огнот и преговори, објави викендов весникот „Њујорк тајмс“.

Според извори блиски на Кремљ и од американски и меѓународни службеници весникот дознава дека Путин уште од септември сигнализирал спремност за примирје, што би ги сопрело воените дејствија на тековните позиции.

Според изворите, Путин постојано давал до знаење дека тој е задоволен од заземената територија и е спремен за примирје.

-Тие велат: „Ние сме подготвени за преговори и прекин на огнот“. Тие сакаат да останат таму кај што се сега на бојното поле, кажал високопозициониран меѓународен службеник кој оваа есен се среќавал со претставници на Москва.

Американските службеници истакнуваат дека Путин повеќе не барал отстранување од власта во Украина на владата на Зеленски. Тие велат дека примирјето што се предлага од Москва би подразбирало зачувување на суверенитетот на Украина со Киев како престолнина, но под контрола на Русија би останале речиси 20 отсто од украинската територија. Се додава дека иако Путин дава сигнали за спремност за договор, тој чека поконкретнен предлог.

Сепак, малку е веројатно дека Киев би прифатил таков предлог. Некои американски службеници сметаат дека тоа може да биде обид на Кремљ да се одвлече внимание и не одразува дека Путин е навистина спремен за компромис. Поранешни руски службеници додаваат дека тој може да ги промени своите одлуки ако руските сили гледаат дека имаат иницијатива на боиштето.

To top