Портокалово предупредување за Метеоаларм е издадено речиси за цела Хрватска.
Во сила е предупредување за грмежи придружени со пороен дожд и силен ветер, што може да предизвика поројни поплави, пренесе Индекс.
Во текот на денот невремето зафати поголем дел од Хрватска. Најлошо беше на Крк каде наврна рекордна количина дожд.
Во попладневните часови невремето го зафати и поголемиот дел од копното. Силен дожд и грмежи го зафатија Загреб, а во областа Кутина падна и град.
Граѓаните се јавуваат и испраќаат снимки од град од околината на Вараждин, Новиград, Кутина, Канфанар и Бузет во Истра, Пожега, Вировитица…
Околу 13 часот поради нестабилна атмосфера, сончеви периоди и висока температура од околу 25 Целзиусови степени, над Кордун формирана е облачност со грмотевици која се движела во североисточен правец.
Низ Туропоље помина пороен дожд проследен со грмежи, а на места имало и помали врнежи од град.
Температурата на воздухот се спушти од 24 на 16 степени.
Според податоците од радарот на DHMZ, врвовите на тој облак достигнале висина од 12 километри.
Невремето треба да се движи низ западниот дел на Мославина кон поширокото Бјеловарско.
Локално посилни грмежи има на подрачјето на Истра, а до крајот на денот можно е и во другите делови на Хрватска.
Повеќе видеа од невремето во Хрватска погледнете ТУКА