Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху дека директорот на Агенцијата за внатрешна безбедност (Шин Бет), чија смена ја блокира Врховниот суд, без негова согласност водел истрага против десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир.
– Тврдењето дека премиерот го овластил директорот на Шин Бет, Ронен Бар да собира докази против министерот Итамар Бен Гвир е уште една лага која е разоткриена. Објавениот документ, кој содржи експлицитна директива од директорот на Шин Бет за собирање докази против политичарите, е сличен на мрачните режими, ги поткопува темелите на демократијата и има за цел да ја собори десничарската влада, се наведува во соопштението од кабинетот на премиерот.
Телевизијата Канал 12 објави дека Шин Бет неколку месеци спроведувала „тајна истрага“ за инфилтрација на екстремно десничарски елементи во полицијата и за министерот Бен Гвир.
Израелскиот Врховен суд на 21 март ја суспендираше владината одлука за разрешување на Бар.