Свет

Нетанјаху: Војната против Иран продолжува со „полна сила“, тампон зоната во Либан ќе се прошири

Кампањата против Иран „продолжува со полна сила, и покрај она што се известува во медиумите“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на видео-состанок со локалните лидери од северната гранична област.

Тој тврди дека „заканата од инвазија на северен Израел од страна на терористите на Хезболах веќе не постои“, додавајќи дека Израел создава проширена тампон зона во Либан за да ги потиснат заканите од противтенковските ракети на Хезболах.

Сега, вели тој, фокусот е на „разбивање на Хезболах“.

– Решени сме да направиме сè за фундаментално да ја промениме ситуацијата во Либан – рече тој.

Нетанјаху, исто така, нагласи дека посветеноста на Израел за заштита на Друзите во Сирија „останува во сила“.

To top