Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја и понудила гориво на болницата Ал-Шифа во Газа, но дека Хамас одбил да го прифати.
„Ние само понудивме гориво на болницата тие го одбија“, вели Нетанјаху, без да наведе повеќе детали.
Палестинските здравствени власти претходно соопштија дека болницата ја прекинала работата бидејќи околу неа продолжуваат жестоките борби.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека обезбедиле премин од три болници на северот на Газа и обезбедиле дополнителна рута за евакуација на цивилите од северот кон југот на Газа.
ИДФ ги повика Палестинците да се евакуираат на југ за своја безбедност.
„Плановите за евакуација на бебињата сè уште се развиваат. Израел не планира да ја окупира болницата Ал-Шифа“, изјави портпаролот на ИД, полковник Ричард Хехт, пренесува „Скај њуз“.
Најголемата болница во Газа, вчера остана без гориво, а здравствените власти предупредуваат дека илјадници медицински лица, пациенти и раселени лица се заробени без електрична енергија.
Хехт рече дека војската е во контакт со болницата Ал-Шифа и дека се обидува да го реши проблемот со гориво и евакуација на бебињата.
„Ја разбираме навременоста на ова и работиме многу напорно за да се обидеме да ги координираме овие напори. Не можеме да откриеме каде ќе бидат однесени бебињата или како ќе бидат евакуирани. Планот сè уште се подготвува“, рече тој.
Тој ги повтори тврдењата на ИД дека тие не биле насочени кон болницата, велејќи дека војниците „се обидуваат да ги таргетираат терористите кои се кријат под неа“.
„Нашата цел не е да ги преземеме болниците. Нашата цел е да ја разбиеме терористичката инфраструктура. Ќе користиме деструктивен начин да ја искорениме активноста на Хамас. Болниците Рантиси и Насер веќе се евакуирани откако ИД побара од луѓето да си заминат и да се упатат кон југ. Армијата прави се што може за да им помогне на болниците“, рече портпаролот на ИД.