Свет Израел

Нетанјаху: Расте притисокот да се запре војната, но јас ќе му се спротивставам

„Оние кои не учествуваат во борбите ќе бидат евакуирани, ќе им биде испратена хуманитарна помош и ќе се почитува меѓународното право“, рече Нетанјаху.

Нетанјаху: Расте притисокот да се запре војната, но јас ќе му се спротивставам

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва изјави дека расте притисокот да се запре војната во Газа, но нагласи дека ќе му се спротивстави.

Тој на прес-конференцијата рече дека офанзивата во Појасот Газа ќе продолжи до „целосна победа“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека покрај конфликтот во Кан Јунис, ИДФ ќе се фокусираат и на борбата против Хамас во централниот дел на Појасот Газа и Рафах, град на границата со Египет.

„Оние кои не учествуваат во борбите ќе бидат евакуирани, ќе им биде испратена хуманитарна помош и ќе се почитува меѓународното право“, рече Нетанјаху.

Тој посочи дека Израел ќе направи се за да ги врати заложниците кои ги држи Хамас во Појасот Газа.

„Барам да бидат објавени имињата на сите заложници кои треба да бидат ослободени како дел од предложениот договор“, рече израелскиот премиер, додавајќи дека е „прерано“ да се каже дали договор ќе биде постигнат.

Тој нагласи дека Израел „во секој случај нема да капитулира пред барањата на Хамас“.

„Ние сме решени да ги вратиме сите заложници“, рече Нетанјаху.  (МИА)

Теми на денот

To top