Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева оти американскиот претседател Доналд Трамп ќе создаде услови за постигнување договор со Иран и ќе го одврати Техеран од воени акции.
Нетанјаху наведе делка евентуалниот договор треба да вклучува елементи, кои се многу важни за Израел – стопирање на иранската нуклеарна програма, ограничување на балистичките ракети и запирање на иранската поддршка за Хамас, Хезболах и Хутите.
Нетанјаху вчера во Вашингтон имаше средба со Трамп. Тоа беше седма нивна средба во вториот мандат на Трамп. Состанокот уследи по разговорите помеѓу САД и Иран, што се одржаа на 6 февруари во Оман.
– Претседателот верува дека Иранците веќе научиле со кого си имаат работа. Мислам дека условите што ги создава, во комбинација со фактот дека тие сигурно разбираат дека згрешиле минатиот пат што не постигнале договор, можат да создадат услови за добар договор, истакна Нетанјаху. (МИА)