Официјален израелски претставник го демантира информациите за можен договор за примирје за запирање на војната во Газа, ветувајќи дека борбите нема да запрат сè додека не бидат исполнети сите цели.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху е под сè поголем притисок од семејствата за заложниците и пошироката јавност за постигнување на договор.
Нема да ја повлечеме војската од Појасот Газа и нема да ослободиме илјадници терористи, рече тој.
Висок политички претставник на Хамас, Исмаил Ханија рече дека го проучува најновиот предлог за примирје, но оти приоритет е „целосно повлекување“ на израелските сили од Газа и долгорочен прекин на огнот.