Израел ќе ја продолжи својата воена операција во Појасот Газа до целосна победа, а тоа може да се постигне за неколку месеци, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на прес-конференција.
– На пат сме до целосна победа, а таа е блиску. Зборуваме за месеци, а не за години или децении. Израелските одбранбени сили прават чуда, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер ја отфрлил најновата понуда на Хамас за прекин на огнот за да се обезбеди враќање на заложниците кои сè уште се заробени во опколената енклава.
Нетанјаху го повтори своето ветување дека ќе го уништи палестинското исламистичко движење, велејќи дека за Израел нема друга алтернатива освен распад на Хамас.
– Денот потоа е денот после Хамас. Цел Хамас, рече тој и нагласи дека целосната победа против Хамас е единственото решение за војната во Газа.
Хамас предложи прекин на огнот во Газа на четири и пол месеци, а за тоа време ќе бидат ослободени сите заложници. Израел би ги повлекол своите трупи од Појасот Газа и би се постигнал договор за прекин на војната. (МИА)