Свет Њујорк тајмс

Нетанјаху го откажа итниот одмазднички напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден

Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.

Нетанјаху го откажа итниот одмазднички напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден го одврати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел, објави Њујорк Тајмс.

Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, Нетанјаху бил разубеден од Бајден.

Во тек е средбата на Воениот кабинет со кој претседава Нетанјаху на која ќе се донесе одлукла за понатамошните чекори.

Претходно, шефот на израелската дипломатија Израел Кац истакна дека внимателно се одмеруваат чекорите по големиот напад од Иран.

Рековме: Ако Иран го нападне Израел, ние ќе го нападнеме Иран. И таа посветеност сè уште важи, посочи Кац.

Најнови вести од Свет

To top