Свет Израел

Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса

„Заборавете на делумните договори. Одете со полна сила и завршете го тоа“, наводно му рекол Трамп на Нетанјаху, наведува израелскиот весник.

Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го повтори својот став дека договор со Хамас за делумно примирје и ослободување на заложниците „не е на маса“, објавија израелските медиуми.

„Тајмс од Израел“ јави дека за време на шестчасовната седница на израелскиот кабинет за безбедност, министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир се залагал за гласање против предлогот за прифаќање на какви било делумни договори, на што Нетанјаху одговори дека „нема потреба од гласање бидејќи тоа не е на маса“.

Нетанјаху за време на состанокот рекол дека американскиот претседател, Доналд Трамп, го повикал и му рекол дека не прифаќа никакви делумни договори со Хамас и дека наместо тоа се бори „со полна сила против оваа терористичка група“.

„Заборавете на делумните договори. Одете со полна сила и завршете го тоа“, наводно му рекол Трамп на Нетанјаху, наведува израелскиот весник.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Пред состанокот на кабинетот за безбедност, „Канал 12 њуз“ цитираше неименувани извори кои велат дека Трамп врши зголемен притисок врз Нетанјаху да го победи Хамас што е можно побрзо.

Реагирајќи на изјавите на израелскиот премиер, Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица изјави дека Нетанјаху ги отфрла делумните рамки за кои претходно се согласил и дека води стратегија која „не е стратегија за преговори, туку стратегија на опструкција“. (МИА)

To top