Свет УНИЦЕФ

Недостигот на вода погодува 347 милиони деца во Јужна Азија

Во извештајот се наведува дека 594 милиони деца во светот се уште немаат пристап до вода за пиење, основни санитарни и хигиенски услови.

Недостигот на вода погодува 347 милиони деца во Јужна Азија

Околу 347 милиони деца во Јужна Азија страдаат од недостиг на вода, се вели во извештајот на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за помош на децата, објавен денеска.

Повеќе од една четвртина од сите деца живеат во јужноазискиот регион, најнаселен во светот. Според извештајот на УНИЦЕФ, 55 отсто од децата во Јужна Азија страдаат од недостиг на вода – највисока стапка во светот.

„Безбедната вода е основно човеково право, но милиони деца во Јужна Азија немаат доволно вода во регионот погоден од поплави, суши и други екстремни временски настани, сè повеќе предизвикани од климатските промени“, рече Санџај Вијесекера, регионален директор на УНИЦЕФ за Јужна Азија.

Пред конференцијата на ОН за климатски промени COP28 во Дубаи на крајот на месецот, УНИЦЕФ ја повикува меѓународната заедница да преземе чекори за да обезбеди децата да имаат планета на која вреди да се живее.

Во извештајот се наведува дека 594 милиони деца во светот се уште немаат пристап до вода за пиење, основни санитарни и хигиенски услови.

To top