Свет Отслужува казни од вкупно 30 години

Навални соопшти дека против него се покренати нови обвиненија

„Тие покренуваат нови обвиненија против мене на секои три месеци“.

Навални соопшти дека против него се покренати нови обвиненија

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, денеска во објава на социјалните мрежи изјави дека бил информиран дека против него се покренати нови обвиненија.

Во коментарите објавени преку неговите соработници, тој рече дека сега е обвинет според член 214 од рускиот кривичен законик, кој опфаќа вандалски дела.

– Немам поим што е член 214 и нема начин како да дознаам. Вие ќе знаете пред јас да дознаам, напиша Навални на својот профил на Телеграм. „Тие покренуваат нови обвиненија против мене на секои три месеци. Ретко е затвореник кој е во самица повеќе од една година, да води толку динамичен социјален и политички живот“, додаде тој.

Навални (47) веќе отслужува казни од вкупно 30 години во казнена колонија поради обвиненија за екстремизам што ги негира и помина голем дел од последните две години во самица за низа наводни прекршоци.

Политичкото движење на Навални е забрането, а клучните фигури беа затворени или избегаа во странство како дел од репресијата на неистомислениците кое се интензивираше откако рускиот претседател Владимир Путин ги испрати своите вооружени сили во Украина на почетокот од минатата година.  (МИА)

To top