Свет мистерија

Навални не се појави на денешното судење, никој не знае каде е

„Ова е шести ден по ред што не знаеме каде е Алексеј и што се случува со него“, изјави Јармуш на платформата „Икс“ (Твитер).

Навални не се појави на денешното судење, никој не знае каде е

Соработниците на водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска изјавија дека неговите адвокати, а ниту тие, не го слушнале ниту виделе веќе шест дена.

„Навални, кој отслужува затворска казна поради повеќекратни пресуди, требаше да се појави денеска на суд преку видео врска, но не се појави“, изјави неговата портпаролка Кира Јармуш.

Таа рече дека управата на затворот констатирала дека има проблеми со струјата, но и дека адвокатите претходните денови не можеле да стигнат до Навални.

„Ова е шести ден по ред што не знаеме каде е Алексеј и што се случува со него“, изјави Јармуш на платформата „Икс“ (Твитер).

Навални (47) е во затвор од јануари 2021 година, а отслужува 30-годишна затворска казна, меѓу другото, и за екстремизам.

To top