Свет Документирани седум единки

Научници од Нов Зеланд почнаа секцирање на редок вид кит (ВИДЕО)

-Ова е извонредна и светски значајна можност! Клунестите китови се најенигматичната група големи цицачи на планетата, рече Ван Хелден.

Научници од Нов Зеланд почнаа секцирање на редок вид кит (ВИДЕО)

Научници од Нов Зеланд денеска почнаа секцирање кит од вид којшто се смета за најредок во светот. Според наводите, досега се документирани само седум единки.

Мртвиот кит се насукал на брегот на Јужниот Остров во Нов Зеланд, нудејќи можност да се проучува овој цицач, којшто всушност, никогаш не е виден жив. Со должина од пет метри, китот беше пронајден од плажата во јули и оттогаш е сместен во посебен замрзнувач. Стручњакот за китови, Антон ван Хелден изјави дека ова е првпат научниците да успеат да сецираат комплетен примерок, којшто му припаѓа на семејството китови со клун.

-Ова е извонредна и светски значајна можност! Клунестите китови се најенигматичната група големи цицачи на планетата, рече Ван Хелден.

Претстојното еднонеделно секцирање ќе помогне да се пополнат празнините во науката и сознанијата, во врска со однесувањето на китот, неговата исхрана, па и неговата основна анатомија. (МИА)

 

To top