Свет

НАТО започна двонеделни воени вежби во Балтичкото Море

Силите на НАТО денеска започнаа двонеделни воени вежби во Балтичкото Море, при што првите бродови, вклучувајќи ја германската корвета „Магдебург“ и францускиот миночистач „Вулкан“, го напуштија пристаништето Росток-Варнеминде во Германија.

Во вежбата БАЛТОПС, предводена од САД, учествуваат околу 50 бродови, над 25 авиони и околу 9.000 војници од 17 земји. Вежбите ќе траат до 20 јуни. Балтичкото Море се смета за стратешки важно, особено поради војната на Русија против Украина. Од деветте земји што граничат со морето, Русија е единствената што не е членка на НАТО.

Москва ги критикуваше вежбите, нарекувајќи ги провокативни. Неодамна, руската морнарица исто така спроведе маневри во Балтичкото Море, потсетува германската новинска агенција ДПА.

To top