Свет Тревога

Намалено предупредувањето за цунами на Хаваи, сообраќајот полека се враќа во нормала

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Намалено предупредувањето за цунами на Хаваи, сообраќајот полека се враќа во нормала

Предупредувањето за цунами за Хаваите е намалено, соопшти Пацифичкиот центар за предупредување за цунами.

Тоа значи дека постои можност за силни бранови, помали поплави и силни струи, но не се очекува големо цунами.

– Евакуираните можат да се вратат дома, соопшти гувернерот на Хаваите, Џош Грин.

На луѓето им се советува да возат полека и внимателно, а истовремено внимаваат на поплави во некои области.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во меѓувреме, хавајскиот оддел за транспорт соопшти дека се обновени летовите на меѓународниот аеродром Хонолулу. Хавајската агенција за управување со вонредни состојби (ЕМА) најави дека повторно ќе бидат отворени и морските пристаништа.

To top