Свет просечната возраст е 50 години

Најмладата европратеничка има 23 години, најстарата 77

ЕП сега има осум политички групи, една повеќе отколку во претходниот законодавен мандат додека 33 европратеници остануваат независни.

Најмладата европратеничка има 23 години, најстарата 77

Дваесет и тригодишната Лена Шилинг (Зелени/ЕСА) од Австрија е најмладата европратеничка во новиот Европски парламент, кој денеска почна со работа во Стразбур.

Најстарата европратеничка е 77-годишната Леолука Орландо (Зелени/ЕСА) од Италија, која беше градоначалник на Палермо повеќе од 20 години, а беше и претседател на Италијанската федерација за американски фудбал.

Просечната возраст на европратениците во новиот Европски парламент е 50 години.

Во текот на својот десетти мандат, Европскиот парламент ќе има 720 места – 15 повеќе отколку на крајот на претходниот мандат – 54 проценти од европратениците се новоизбрани (во 2019 година уделот на новодојдените беше 61 процент), а уделот на жените е 39 проценти (во 2019 година беше 40 проценти).

ЕП сега има осум политички групи, една повеќе отколку во претходниот законодавен мандат додека 33 европратеници остануваат независни.

Првата парламентарна сесија на новиот Европски парламент ја следат речиси 500 новинари.

To top