Најмалку 65 лица се повредени во денешните ирански напади врз Израел, од кои шест се во тешка состојба, објавија израелските служби за итни случаи.
Израелската служба за итни случаи Маген Давид Адом (MДА) соопшти дека три лица се во тешка состојба, вклучувајќи 80-годишен маж и две жени на возраст од 70 години, пренесе Си-Ен-Ен.
Во соопштението се наведува дека две лица добиле средно тешки повреди, а 42 добиле полесни повреди од шрапнели и експлозии.
Се наведува дека 18 лица се повредени додека трчале кон засолништето. Екипите на МДА пружаат медицинска помош на неколку локации и ги евакуираат повредените во болници, се вели во соопштението.