Најмалку пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во автобуската несреќа на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.
Според првичните информации, има и потешко повредени.
Автобусот на европскиот превозник „Фликсбас“ се превтел на пат од Берлин за Цирих, а автопатот е затворен во двата правци. На местото на настанот беа испратени пет хеликоптери.
Во него имало 53 патници и двајца возачи, а несреќата се случила до аеродромот Лајпциг.
„Сè уште не се познати точните околности на несреќата“, соопштија од „Фликсбас“.
„Ние, секако, тесно соработуваме со локалните власти и службите за итни случаи на лице место и ќе направиме се што е во наша моќ за брзо и целосно расветлување на причините за несреќата“, велат од таму.
Официјални лица во провинцијата Саксонија изјавија дека нивните мисли се со жртвите.