Свет потврди лекар

Најмалку 10 ослободени заложници биле сексуално злоставувани во заробеништво на Хамас

Лекарот кој лекуваше некои од 110-те заложници кои Хамас ги ослободи за време на еднонеделното примирје со Израел, не даде повеќе детали и зборуваше под услов да остане анонимен за да го заштити идентитетот на заложниците.

Најмалку 10 ослободени заложници биле сексуално злоставувани во заробеништво на Хамас

Најмалку 10 мажи и жени ослободени од Хамас биле сексуално нападнати или малтретирани додека биле приведени во Појасот Газа, потврди денеска лекарот што ги лекувал, објавија израелските медиуми, пренесе Бета.

Лекарот кој лекуваше некои од 110-те заложници кои Хамас ги ослободи за време на еднонеделното примирје со Израел, не даде повеќе детали и зборуваше под услов да остане анонимен за да го заштити идентитетот на заложниците.

Изјавата на лекарот го потврдува сведочењето на група ослободени цивили кои на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху зборувале за сексуалното злоставување што го доживеале или биле сведоци.

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер вчера навести дека Хамас одбива да ослободи некои заложници затоа што не сака тие да сведочат за сексуалното злоставување што го доживеале додека биле во заробеништво.

Палестинската исламистичка група Хамас ги отфрли обвинувањата дека нејзини членови извршиле сексуални престапи.

Околу 240 Израелци и странци беа насилно одведени во Појасот Газа од страна на палестинските екстремисти за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври, при што беа убиени повеќе од 1.200 луѓе, главно цивили.

За време на еднонеделното примирје кон крајот на ноември, врз основа на договорот меѓу Израел и Хамас со посредство на Катар, беа ослободени 105 заложници, меѓу кои 80 Израелци, двојни државјани и странци, во замена за ослободување на 240 Палестинци од израелските затвори.

Хамас сега исклучува секаква можност за ослободување на заложниците доколку Израел трајно не го запре нападот врз Газа.

To top