Храна и Пијалаци Здравје

Здрави се за срцето, вкусни и богати со растителни влакна – еве што е најдобро да јадете

„Високата количина на влакна помага да се намали нивото на холестерол, значаен фактор на ризик за срцеви заболувања, додека танините имаат антиоксидантни својства кои го поддржуваат здравјето на срцевиот мускул“, вели д-р Наткин.

Здрави се за срцето, вкусни и богати со растителни влакна – еве што е најдобро да јадете

Бобинките не само што имаат одличен вкус, туку носат и неверојатни придобивки за нашето здравје.

Богати се со растителни влакна, па дури може да придонесе за слабеење и подобрување на здравјето на срцето и цревата.

Покрај тоа, ова вкусно овошје би можело да има улога и во подобрување на квалитетот на сонот.

Капини

Кога станува збор за поддршка на здравјето на срцето и намалување на нивото на стрес, капините се издвојуваат како главен кандидат.

„Капините се богати со биофлавоноиди и витамин Ц. Оваа комбинација на хранливи материи не само што го поддржува здравјето на срцето преку подобрување на протокот на крв и намалување на воспалението, туку помага и во намалување на стресот, што промовира подобар сон“, изјави д-р Ерин Наткин.

Покрај тоа, вклучувањето на капините во исхраната е поврзано со подобрување на кардиоваскуларното здравје, што ги прави вреден додаток во исхраната.

Малини

Малините, богати со влакна и танини, нудат безброј придобивки за здравјето на срцето и спиењето.

„Високата количина на влакна помага да се намали нивото на холестерол, значаен фактор на ризик за срцеви заболувања, додека танините имаат антиоксидантни својства кои го поддржуваат здравјето на срцевиот мускул“, вели д-р Наткин.

Дополнително, природните шеќери во малините се здрав извор на јаглехидрати кои можат да помогнат во производството на серотонин, кој може да го подобри сонот доколку се консумира умерено за време на последниот оброк од денот.

To top