Повеќе од 300 предупредувања за поплави се издадени во Англија поради бурата Хенк, јавија денеска британските медиуми.
Агенцијата за животна средина соопшти дека во Англија имало 368 активни предупредувања за можни поплави и 322 предупредувања за поплави, што значи дека се очекуваат поплави, додека во областа Нортхемптон е издадено предупредување за поплави опасни по живот.
Гардијан пренесува дека железничките компании најавија доцнење и откажување на железничките линии поради дождот и силните ветрови што ја зафатија цела Велика Британија.
Големата западна железница соопшти дека неколку делови од нејзината железничка мрежа биле блокирани од поплави, а во близина на Чипинг Содбери во Глостершир, сите железнички линии меѓу Свиндон и Бристол Парквеј биле прекинати. Сите линии што поаѓаат од станицата Лондон Падингтон кон Јужен Велс се пренасочени, продолжувајќи ги патувањата во просек за околу 40 минути.
Поплавите, исто така, ја блокираа рутата меѓу Лискеард и Луис во Корнвол, а некои линии меѓу Тотнес и Плимут во Девон беа затворени.
Железничката компанија „Голема Англија“ доцна синоќа потврди за сериозните нарушувања на железничките услуги со голем број инциденти што влијаеја на услугите ширум нејзината железничка мрежа.