Свет

Над 300 Американци, жители на САД се евакуирани од Газа, соопшти Белата куќа

Над 300 Американци, жители на САД се евакуирани од Газа, соопшти Белата куќа

Повеќе од 300 Американци, жители на САД и нивните семејства се евакуирани од Појасот Газа, соопшти Белата куќа.

„Во изминатите неколку дена, преку прилично интензивни преговори со сите страни релевантни за овој конфликт, успеавме да извлечеме повеќе од 300 Американци, законски постојани жители и членови на нивни семејства“, изјави заменик советникот за национална безбедност на Белата куќа Џонатан Фајнер за Си-Би-Ес.

Тој рече дека Вашингтон верува дека се уште има „голем број“ Американци кои остануваат во опколената палестинска територија.

To top