Дваесет и едно лице е повредено во експлозија во хотел во САД, пренесоа светските агенции. Се сомнева дека причина е истекување на гас.
Експлозијата се случила во хотелот „Sandman Signature“ во центарот на Форт Ворт во американската сојузна држава Тексас.
Еден од повредените е во критична состојба, четворица се во тешка состојба, останатите се со полесни повреди, информираат локалните лекари.
Очевидци велат дека татнежот од експлозијата бил толку силен што мислеле дека има земјотрес. (МИА)