Свет Франција

На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.

На железничка станица во Париз пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна

Неексплодирана бомба од Втората светска војна е откриена утрово за време на работи што се извршувале на станицата Гар ду Норд (Gare du Nord) во Париз.

Сообраќајот околу станицата е целосно запрен. Прекинот на сообраќајот се однесува на локалните метро линии и меѓуградските и меѓународните возови, соопшти железничката компанија ТЕР.

Бомбата била откриена на шините на околу 2,5 километри од станицата.

Гар ду Норд е најпрометната железничка станица во Европа, со 214 милиони патници кои минуваат низ неа секоја година.

To top