Свет САД

Можно е да се работи на прекин на огнот во Либан, но ќе биде потешко во Газа, рече Бајден

Џо Бајден изјави денеска дека нема консензус за давање оружје со голем дострел на Украина. 

Можно е да се работи на прекин на огнот во Либан, но ќе биде потешко во Газа, рече Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека е можно да се работи на прекин на огнот во Либан, но дека ќе биде потешко во Појасот Газа.

Бајден, кој е во посета на Берлин, изјави дека има информации за тоа како и кога Израел ќе одговори на ракетниот напад на Иран врз Израел извршен на 1 октомври, но не откри детали.

Бајден рече и дека постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што би можел привремено да го прекине нивниот конфликт на Блискиот Исток.

Американскиот претседател тоа го изјави на крајот од посетата на Берлин.

„Според мое мислење – и моите колеги се согласуваат – постои можност да се постигне договор со Израел и Иран на начин што ќе стави крај на конфликтот на некое време“, рече Бајден.

Џо Бајден изјави денеска дека нема консензус за давање оружје со голем дострел на Украина.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top