Официјални лица од американската сојузна држава Мериленд соопштија дека вчера попладне по локално време имало пукање во средно училиште и дека е потврдено дека едно момче е рането.
Полициската управа на округот Монтгомери соопшти дека средното училиште „Томас С. Вутон“ останува во блокада додека дополнителни полицајци се собираат на местото на настанот.
-Полицијата на округот Монтгомери го истражува тоа што го нарекува активен инцидент. Потврдено е дека едно лице било застрелано во 14:45 часот. Едно лице оттогаш е приведено, наведе Пит Пирингер од противпожарната и брза помош на округот Монтгомери, пренесе Фокс њуз.