Свет Анкета

Мнозинство од Американците го подржуваат Израел во војната против Хамас, демократите поделени

Расположението на јавноста во САД е на страната на Израел во војната на оваа земја против Хамас додека само третина од Американците велат дека се подеднакво наклонети како кон Израелците така и кон Палестинците, се дознава од најнова анкета на весникот „Волстрит журнал“.

Мнозинство од Американците го подржуваат Израел во војната против Хамас, демократите поделени

Педесет и пет отсто од испитаниците изјавиле дека веуваат дека Израел ги презема потребните воени акции за да се одбрани и да спречи други напади на Хамас, споредено со 25 отсто од испитаниците кои рекле дека воените акции на Израел не се пропорционални и одат предалеку.

Во смисла на односот спрема овој конфликт, околу 42 отсто од гласачите изјавиле дека се наклонети повеќе кон израелскиот народ, споредено со 12 отсто кои го рекле истото за палестинскиот народ.

Работите околу борбите во Појасот Газа се поделени на партиска основа, а постои и генерациска поделеност, се дознава од анкетата.

Само 37 отсто од испитаниците го подржуваат претседателот на САД, Џо Бајден како се справува со конфликтот, споредено со 52 отсто кои не го подржуваат.

-Ниските оценки само го рефлектират вкупниот рејтинг на Бајден кој според анкети на весникот е најнизок во овој момент од неговото претседателство, пишува „Волстрит журнал“.

Исто така, се гледа дека анкетата ги рефлектира зголемените тензии низ САД околу пропалестинските протести во универзитетските кампуси и големите градови, што резултираше со контра демонстрации и спорни дебати околу слободата на говорот.

Некои од претседателите на одборите на најпрестижните универзитети како Пен си дадоа оставка по катастрофалното сослушување во Конгресот во петокот, во кое тие го бранеа слободниот говор и здружување, а се дозна дека не можеле да спречат екстремистички студентски групи да повикуваат на антисемитизам и геноцид. Поради ова претседателите на Харвард и МИТ се под притисок да си дадат оставка.

По партиска основа, речиси четвртина од испитаните демократи рекле дека се повеќе наклонети кон Палестинците, додека 17 отсто кажале дека се понаклонети кон Израелците, помалку од половина кажале дека се подеднакво наклонети кон двата народа.

Спротивно на ова, мнозинство или повеќе од две-третини од републиканците изјавиле дека се наклонети кон Израелците, додека само 11 проценти кажале дека се наклонети кон Палестинците, а околу третина се подеднакво наклонети кон двата народа.

Од анкетата се дознава и дека Бајден, поради цврстата подршка и сојузот на САД со Израел во овој конфликт, ја губи подршката од помладите генерации од својата партија (демократи под 50 годишна возраст) кои рекле дека имаат поголема симпатија кон Палестинците (35 отсто наспроти 13 отсто) Додека демократите над 50 годишна возраст се понаклонети кон Израел (22 отсто наспроти 12 отсто).

Најнови вести од Свет

To top