Унгарскиот премиер Виктор Орбан му честиташе на републиканскиот кандидат Доналд Трамп за неговата „огромна победа“ на претседателските избори во САД.
Орбан на социјалната мрежа „Х“ оцени дека тоа е најголемото враќање во американската политичка историја и многу потребна победа за светот.
– Најголемото враќање во политичката историја на САД! Честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата огромна победа. Многу потребна победа за светот! – изјави Орбан.
Кандидатот на Републиканската партија на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, денеска прогласи победа на изборите, оценувајќи дека тоа е „најголемата политичка победа на кое било политичко движење“.