Кралската полиција вчера соопшти дека едно младо лице било уапсено во петокот и обвинето за помагање во терористички активности со пренесување на инструкции во врска со експлозивна супстанца, пренесоа американските медиуми.
Младиот човек е обвинет и дека свесно му давал инструкции на друго лице да изврши терористичка активност „против Евреите“.
Во полициското соопштение не се наведени детали за наводните прекршоци на уапсениот млад човек, поради неговата возраст.
Полицијата посочи дека забележува загрижувачки тренд на насилен екстремизам и терористичката употреба на интернетот кај младите и повика на внимателност и откривање на раните знаци на радикално однесување, вклучително и дехуманизација на другите, екстремни антивладини ставови и јасни изјави на намера да изврши насилни дејствија.
Многу канадски официјални лица предупредија дека има зголемување на злосторствата од омраза врз членовите на еврејската заедница по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври.
„Бев шокиран кога ги дознав деталите за планираниот напад врз еврејската заедница во Отава. Антисемитизмот е во пораст во Отава во последните недели“, напиша градоначалникот на Отава Марк Сатклиф на платформата X.