Свет

Мерц: САД добија предлог за територијални отстапки од Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека изменет предлог за територијални отстапки од Украина како дел од планот за завршување на војната вчера му беше предаден на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе ДПА.

-Постои предлог за кој (Трамп) не знаел кога разговаравме по телефон (вчера) бидејќи сè уште не им беше испратен на Американците. Го подготвивме вчера доцна попладне. Главно е прашањето какви територијални отстапки е подготвена да направи Украина, рече Мерц на прес-конференција во Берлин, одржана заедно со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Канцеларот не даде дополнителни детали, посочувајќи дека „работа на украинскиот претседател и украинскиот народ“ е да одговорат на ова прашање.

Мерц, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер вчера водеа телефонски разговор со Трамп.

Претседателот Трамп наводно покажал нетрпение и рекол дека користел „силни зборови“ за време на разговорот, предупредувајќи дека САД не сакаат да „губат време“.

Германскиот канцелар пред два дена изјави дека планот треба да се стреми кон три цели: прекин на огнот, „цврсти“ гаранции за безбедноста на Украина и договорено решение кое ги зачувува европските безбедносни интереси, а воедно ја признава Москва како закана за безбедноста на континентот.

Украина потврди дека на САД им предала мировен план од 20 точки. Тој содржел „некои нови идеи“ за територијата и контролата на нуклеарната централа Запорожје, соопштија украинските власти, цитирани од британските медиуми.

Најнови вести од Свет

To top