Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска го пофали исходот од самитот во Анкориџ, Алјаска, меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, истакнувајќи дека „конечно се појави трошка надеж за разговори за мир во Украина“.
Во изјава за медиумите, Мелони нагласи дека Италија, заедно со своите западни сојузници, го дава својот придонес во напорите за мир.
– Италија го прави својот дел, заедно со западните партнери“, додаде таа.
Трамп го оцени самитот како „исклучително успешен“ и ја информираше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и лидерите на земјите-членки на ЕУ, за деталите од средбата со Путин, соопшти портпаролот на Европската комисија.