Свет САД

Меланија Трамп ја одби поканата на Џил Бајден, но доби честитка за враќањето во Белата куќа

Првата дама, доктор Џил Бајден заедно со претседателот Џо Бајден денеска го пречекаа новоизбраниот претседател Доналд Трамп при неговото враќање во Белата куќа, соопшти официјален претставник.

Меланија Трамп ја одби поканата на Џил Бајден, но доби честитка за враќањето во Белата куќа

Првата дама на САД Џил Бајден испрати рачно напишано писмо до Меланија Трамп, откри официјално лице од Белата куќа.

Првата дама, доктор Џил Бајден заедно со претседателот Џо Бајден денеска го пречекаа новоизбраниот претседател Доналд Трамп при неговото враќање во Белата куќа, соопшти официјален претставник.

Џил Бајден ја покани поранешната прва дама Меланија Трамп на традиционална средба помеѓу двете први дами, едната во заминување, другата во доаѓање, но американски медиуми известуваат дека Меланија Трамп одбила поради претходно закажана обврска поврзана со нејзината книга.

Според претставникот од Белата куќа, Џил Бајден му предала на Трамп рачно напишано писмо со честитки за г-ѓа Трамп, во кое изразила и подготвеност на нејзиниот тим да помогне при транзицијата. (МИА)

To top