Мајкл Мекол, лидер на републиканците во Конгресот, реагираше на размената на затвореници меѓу Западот и Русија и го критикуваше пристапот на администрацијата на Џо Бајден да врши трговија на Американци за „вистински руски криминалци“ како „опасна порака“ до претседателот на Русија Владимир Путин.
Размената се изврши вчера при што од руски затвор меѓу другите ослободени беа и репортерот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и поранешниот воен ветеран, маринецот Пол Вилан кои Москва незаконски ги држеше со години.
Мекол, претседавач на Комитетот за надворшни работи во Претставничкиот дом, се придружи на оние кои го поздравија ослободувањето и дека бил „воодушевен“ кога слушнал дека Американците се враќаат дома.
-Но се уште сум загрижен од тоа што продолжителната размена на невини Американци за вистински руски криминалци држени во САД и во други места праќа опасна порака до Путин, со што се охрабрува понатамошно земање на заложници од неговиот режим, изјави синоќа тој.
Мекол потсети дека уште неколкумина Американци остануваат во затвор во Русија и во други земји, како Марк Фогел, Ксенија Карелина или Марк Свидани.