Свет

Маскиран напаѓач уби палестински бизнисмен и повреди две лица на улица во Истанбул

Турската полиција денеска почна „голема истрага“ откако еден Палестинец е убиен, а двајца се ранети додека седеле во своите автомобили во Истанбул.

Турска новинска агенција објави дека во пукотницата синоќа загинал маж кој седел на возачкото седиште, а неговиот пријател бил тешко ранет.

Друг маж, кој од канцеларијата на гувернерот е опишан како телохранител на убиениот, бил ранет во стапалото.

Убиството го извршиле маскиран напаѓач или напаѓачи, наведува агенцијата. Пукањето се случило на улицата Дилавер во населбата Кагитане во северниот дел на Истанбул. Убиениот бил бизнисмен.

Убиецот оставил пиштол со придушувач на местото на настанот, се вели во кусото соопштение од кабинетот на гувернерот на Истанбул.

Најнови вести од Свет

To top