Свет

Макрон нема трпение за Трамп

Макрон нема трпение за Трамп

Трамп на својата социјална мрежа „Truth social“ ја критикуваше Франција за затворање на нејзиниот воздушен простор за прелетите на американските воени авиони.

Франција се огласи откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно ја критикуваше Франција за одбивање да помогне во војната на Блискиот Исток.

Канцеларијата на францускиот претседател Емануел Макрон одговори со кратко соопштение, пренесува Гардијан.

„Изненадени сме од неговиот став. Франција не ја промени својата позиција од првиот ден од конфликтот и ние ја потврдуваме оваа одлука“, соопшти кабинетот на францускиот претседател.

Што точно напиша Трамп во својот став во кој ја критикува Франција?

Трамп вчера ја критикуваше Франција на својата социјална мрежа „Truth social“ за затворање на нејзиниот воздушен простор за американски воени авиони.

На Трамп ова воопшто не му се допадна бидејќи сè поголем број негови европски сојузници ја откажуваат својата помош во војната со Иран.

„Франција не дозволи авионите што се упатуваа кон Израел да летаат над нејзина територија. Франција не ни помогна и го почитуваше „касапот на Иран“ кој беше успешно елиминиран. Соединетите Американски Држави ќе го запомнат ова“, напиша Трамп претходно истиот ден.

To top