Свет

МААЕ повика на „максимална воздржаност“ по информациите за напади врз нуклеарната централа во Бушер

„Генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси го повтори својот повик за максимална воздржаност, за да се избегне каков било ризик ва нуклеарната безбедност во период на конфликт“, се наведува во соопштението на Агенцијата објавено преку платформата „Икс“.

МААЕ повика на „максимална воздржаност“ по информациите за напади врз нуклеарната централа во Бушер

Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ) синоќа повика на „максимална воздржаност“ по соопштението на Иран за удари извршени врз нуклеарната електроцентрала во Бушер.

МААЕ соопшти дека од Иран вчера добиле информација дека „уште еден проектил ги погодил објектите“ на нуклеарката во Бушер, без притоа да предизвика штети.

„Генералниот директор на МААЕ Рафаел Гроси го повтори својот повик за максимална воздржаност, за да се избегне каков било ризик ва нуклеарната безбедност во период на конфликт“, се наведува во соопштението на Агенцијата објавено преку платформата „Икс“.

Организацијата за атомска енергија на Иран претходно соопшти дека нуклеарната електроцентрала во Бушер била погодена од ракета што не предизвикала штети, обвинувајќи ги САД и Израел дека стојат зад нападот.

Нуклеарната електроцентрала „Бушер“ е единствената активна во Иран, со производствен капацитет од илјада мегавати и покрива само мал дел од потребите на земјата од електрична енергија.

To top