Свет

МААЕ: Почнува поправката на клучен далновод во близина на нуклеарната централа Запорожје

Започна поправката на клучен далновод во близина на нуклеарната централа Запорожје по постигнувањето нов договор за локален прекин на огнот, постигнат со посредство на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави денеска МААЕ.

Како што објави МААЕ на платформата Икс, поправката почна откако страните се согласија за привремено прекинување на судирите, пренесува Укринформ.

„Во близина на нуклеарната централа Запорожје почнаа важни работи за поправка на далноводот, по уште еден локален прекин на огнот договорен со посредство на МААЕ“, наведе директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, во објавата на Икс.

To top