Свет Меѓународна агенција за атомска енергија

МААЕ го повика Иран да овозможи верификација на резервите нуклеарен материјал

МААЕ соопшти дека, од 12-дневната војна помеѓу Израел и Иран, го изгубила континуитетот на информациите поврзани со претходно објавените резерви.

МААЕ го повика Иран да овозможи верификација на резервите нуклеарен материјал

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска го повика Иран што е можно поскоро да овозможи верификација на своите резерви нуклеарен материјал, особено на резервите на високо збогатен ураниум.

МААЕ соопшти дека, од 12-дневната војна помеѓу Израел и Иран, го изгубила континуитетот на информациите поврзани со претходно објавените резерви.

Организацијата на Обединети нации оцени дека е „клучно“ да може да ги потврди иранските резерви „што е можно поскоро за да ја ублажи својата загриженост“.  (МИА)

To top