Свет Неформален состанок

Лукашенко оди во посета на Москва

-Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за голем број билатерални прашања, секако, трговски и економски врски и имплементација на проекти, како и меѓународни прашања, рече Песков. 

Лукашенко оди во посета на Москва

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ќе отпатува во Русија во посета за време на која ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за целиот спектар на билатералните односи, како и за меѓународни прашања, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Путин и Лукашенко ќе имаат неформален состанок за време на кој ќе разговараат за голем број билатерални прашања, секако, трговски и економски врски и имплементација на проекти, како и меѓународни прашања, рече Песков.  (МИА)

To top