Свет САД се стремат кон воена надмоќ над Русија

Лавров: Нема разговори за контрола на нуклеарното вооружување се додека САД ја поддржуваат Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на прес-конференција рече дека Вашингтон предложил одвојување на двете прашања и продолжување на разговорите за „стратешка стабилност“ меѓу двете земји кои го поседуваат најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

Лавров: Нема разговори за контрола на нуклеарното вооружување се додека САД ја поддржуваат Украина

Русија денеска соопшти дека е невозможно да се разговара за контрола на нуклеарното вооружување со САД без да се земе предвид ситуацијата во Украина, обвинувајќи го Вашингтон дека сака да оствари воена превласт.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на прес-конференција рече дека Вашингтон предложил одвојување на двете прашања и продолжување на разговорите за „стратешка стабилност“ меѓу двете земји кои го поседуваат најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

Лавров, сепак, рече дека овој предлог е неприфатлив за Русија поради поддршката на Западот за Украина.

„Не гледаме ни најмал интерес од САД или НАТО за решавање на украинската криза и да се послуша загриженоста на Русија“, рече Лавров, обвинувајќи го Западот дека ја охрабрува Украина да изврши напади со долг дострел длабоко на руската територија, вклучително и напад врз Белгород во кој на крајот на годината загинаа 25 луѓе.

Според Лавров, САД се стремат кон воена надмоќ над Русија.

Тој повтори дека нема основа за преговори за контрола на оружјето се додека Западот води „хибридна војна“ против Русија.

„Не ја отфрламе таа можност во иднина, но пред тоа бараме Западот да ја напушти политиката на поткопување на руските интереси и наместо тоа да почне да ги уважува“, рече Лавров.

To top