Свет Преговори

Лавров: Кина би можела да организира руско-украинска мировна конференција

Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.

Лавров: Кина би можела да организира руско-украинска мировна конференција

Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.

-Ние го делиме ставот (на Кина) дека треба првенствено да се решаваат основните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност, рече Лавров во интервју за руски медиуми.

Тоа, како што нагласи, „подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето кои живеат таму“.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина. Киев ги отфрла тие предлози.  (МИА)

To top